Friday, September 14, 2007

Дали сте знаеле

дека граѓаните на Невада трошат 846 долари месечно на коцкање!

дека Исак Њутан бил избркан од школо по налог на неговата мајка, бидејки таа сакала тој да постане фармер!

дека во ниту едно казино во Лас Вегас нема часовник!

дека англискиот јазик е 3 по распространетост во светот а не прв! пред него се шпанскиот на 2 место и кинескиот како шампион!

дека секој расипан сат дневно барем двапати покажува точно време!

Биди рокер и умри млад

Рок ѕвездите имаат два и пол поголеми шанси да починат во првите 5 години слава споредбено со просечниот американец или европеец, дознава центарот John Moores од Ливерпул кој резултатите од своите истражувања ги објави во списанието Journal of Epidemiology and Community Health.
Тимот избра 1.064 музичари према критериум на 1000 најдобри албуми воопшто. Меѓу нив влегуваат и славните Jimi Hendrix, Jim Morrison, Keith Moon, Brian Jones, Janis Joplin, Kurt Cobain и други. Земен во обзир нивниот живот односно возраста на која починале се доаѓа до заклучокот.
Истражувањето исто така покажува дека за повеќе од четвртина од смртните случаи се виновни дрогата, алкохолот и лошиот биоритам, исто така се дознава дека американските музичари се позагрозени од европските.

Со добра послуга се е можно


Шеикот Saeed bin Maktoum al Maktoum тежок 8 милијарди долари се ожени со кенлерката Natashu Aliyevu (19) која ја запознал во хотел. Шеикот ја запознал среќната кенлерка кога едно утро му донела сок, и само после месец дена познавање парот се венчал, покрај тоа што шеикот веќе бил оженат и имал 4 деца. Едниствен предуслов за Natashu од сиромаштија да зачекори во богатство било да се преобрати во ислам.
-Мојот живот постана бајка, многу го сакам и не размислувам на ништо друго!-изјави Natashu која е во приателски односи со првата жена на нејзиниот сопруг.

Свињи v.s Џамии


Италианскиот сенатор и десничар Roberto Calderoli најви дека ќе организира „Ден на свињите“ во знак на протест на градењето на џамии во Болоња. Calderoli изјави дека е подготвен дури и да донесе сопствена свиња на место каде што се планира изградба на џамија со цел да го „оскверни“ местото.
На ваквите реакции им претходи зголемувањето на бројот на муслиманите во Италија, а со тоа и изградбата на џамии кои им пречат на конзервативните италијански католици.